(Видео) Обожавател со тврд предмет го погоди во лице Хари Стајлс на концерт во Виена

Пејачот Хари Стајлс бил погоден со предмет во лицето додека настапувал во Виена овој викенд.

На видеото споделено на интернет од концертот на стадионот Ернст Хапел се гледа како поп-ѕвездата оди на сцената пред предметот да дoлета и да го удри во близина на окото. Откако бил погоден од предметот, пејачот почнал да се грчи од болки се наведнал додека го држеллицето со рацете.

Миријам, обожавателка од Германија која била на шоуто во Виена, навела дека пејачот бил погоден откако ја испеал Sign Of The Times, првата песна на бис.

„Често го допираше лицето. Изгледаше дека има многу болки. Изгледаше како да мораше да се собере, а потоа се врати кај публиката и продолжи со настапот“, рекла таа.

Хари Стајлс беше погоден со букет цвеќе за време на концерт во Кардиф минатиот месец.

 

Scroll to Top