Бред Пит во тркачки костум, снима филм за „Формула 1“

Актерот Бред Пит работи на снимање на филмот „Формула 1“ каде бил фотографиран заедно со професионалните возачи на британското „Гранд При“. Актерот бил во друштво на светските шампиони Луис Хамилтон и Макс Ферстапен, а фотографиите од снимањето предизвикале бројни позитивни коментари на сметка на изгледот на холивудскиот актер.

 

„Бред Пит не старее“, бил само еден од многубројните коментари кај оние кои тврделе дека актерот старее наназад, баш како и неговиот лик Бенџамин Батон во филмот The Curious Case of Benjamin Button.

Лаура Каи, специјалист за козметика и основач на „Laura Kai London“, за Дејли мејл изјавила дека младешкиот изглед на Бред Пит може да се објасни со добрата програма на одржување на кожата, плус неколку козметички процедури.

„Делува како да ги намалил брчките, а кожата му е свежа. Поради тоа може да се каже дека користел ботокс за намалување на брчките, а пилингот на лицето му помогнал да ја подмлади кожата“, објаснила таа и додала дека добриот изглед можеби доаѓа и со разводот од Анџелина Џоли со која актерот поминал 12 години.

„Одлично е да бидеш тука. Се забавувам, најдобриот момент во мојот живот“, изјавил Бред Пит.

Пит исто така изјавил дека филмот би требало да биде автентичен колку што е можно со оглед на тоа што ангажирале и експерти за Формула 1 кои работат како во вистинска ситуација.

Scroll to Top