По долго и тешко боледување денеска на 59-годишна возраст почина босанско-херцеговскиот актер Мирсад Тука.
Од 1996 година, Мирсад е член на ансамблот Камерен театар 55 во Сараево. Играше многу улоги во театарски претстави, меѓу кои претставите „Хасанагиница“ од Нијаз Алиспахиќ, „Жаба“ од Елмир Јукиќ, „Се сеќаваш ли на Доли Бел?“, Кокан Младеновиќ, „Три сестри“ од Пјеро Жалица.
Играше и во многу филмови и ТВ серии, меѓу кои: „Нафака“, „Сè е бадијала“, „Римејк“, „Осавени“, „Луд, збунет, нормален“ и други.
Својата професионална кариера како актер ја започнал како студент на Драмското студио на Народниот театар Тузла.
Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград. Дебитираше во филмот „Одмор во Сараево“. За таа улога е награден на Фестивалот на актерски достигнувања во Ниш во 1991 година како најдобар актер – дебитант.
Комеморацијата и последното збогување на Мирсад Тука ќе се одржи во Сараево во четврток на 13 јули.