(Фото) Борис Џонсон стана татко по осми пат, со сопругата Кери го добија Одисеј

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон го доби третото дете со третата сопруга Кери Џонсон. Кери која е 24 одини помлада од Борис се породи на 5 јули. Тие го добија синот Френк Алфред Одисеј. Кери рече дека Џонсон го избрал името на синот.

„Недела на Френки. Добредојде Френк Алфред Одисеј. Можете ли да погодите кое име го избра мојот сопруг? Ја сакам секоја минута од заспаното бебешко меурче. Гледањето на моите постари две деца како го прегрнуваат својот нов брат со таква радост и возбуда беше најубавото нешто што може да се види. Сите сме многу воодушевени“, рече Кери.

За потсетување, ова за Кери е трето дете, додека за Џонсон е осмо. Бившиот премиер претходно беше во брак со Алегро Мостин Овен од 1987 до 1993 година.

Потоа се ожени со Марина Вилер со која доби четири деца, ќерките Лара Летис и Касија Пичис и двата сина Мило Артус и Теодор Аполо. Поранешниот премиер ја има и ќерката Стефани која ја доби со консултантката за уметност Хелен Мекинајр додека беше во брак со Марина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carrie Johnson (@carrielbjohnson)

Scroll to Top