Актерот Џони Деп му ја исполни последната желба на Кори Стовел, 11 годишното мочме кое почина од ретка срцева болест. Популарниот капетан Џек Спароу, објави емотивно видео и рече дека последната желба на Кори била да се сретне со него и да може да разговара со својот идол.
„Ти си борец, пријателе. Ќе се сретнеме повторно“, рече Деп, кој во декември минатата година му одговори со помош на добротворната организација „Мејк а виш“.
Мајка му на Кори, Пикси рече дека заминал прилично мирно и дека во последните моменти со него ги имал капетанската капа од Џек Спароу и пиратското знаме.
„Моментално лежи во креветот, а јас сум во неговата спална. Капетанската капа е покрај неговиот кревет, а го има пиратското знаме над него“, рече Пикси, по смртта на син ѝ.
Кори бил роден со срцева болест и бил на палијативна нега по две неуспешни трансплантации на срце. Семејството му отвори канал на Јутјуб на кое собра 200.000 претплатници. Неговата приказна се рашири низ светот со помош на филмската ѕвезда.
За потсетување, покрај Џони Деп, меѓу претплатниците на Кори бил и холивудската ѕвезда и борач Двејн „Карпата“ Џонсон.