Лука Алериќ, тиктокер од Србија стана популарен откако во своето последно видео откри дека бара девојка преку билборди.
„Јас сум Лука, имам 24 години и никогаш не сум имал девојка“, вели Лука во видеото кое е прегледано речиси 900.000 пати.
„Пробав сè и остана само уште една работа“, додава Лука додека се врти и покажува кон плакатот: „Го изнајмив билбордот“.
Инфлуенсерот тврди дека ова е неговата последна шанса да не остане соло, иако повеќето корисници на Тик ток сметаат дека неговиот очајнички обид всушност бил добар маркетиншки трик.
На постерот пишува: „Барам девојка, контактирајте ме“ заедно со корисничкото име на неговиот профил на Инстаграм.
„Панчевци се најлуди“, „Сиромав човек“, „Очајни времиња повикуваат на очајни потези“, „И јас ќе го направам ова“, „Брате, не си само ти“, „Нема да имаш“, се дел од коментарите на луѓето под неговата објава.
@aleric.luka Dm je otvoren za saradnju #foryou #fy #foryoupage #lukaaleric #devojka #pancevo #srbija #balkan #serbia #balkan #nzm #zabava #bilbord #haos #bilbord #fyp ♬ original sound – aleric.luka