Наоми Осака, некогаш светски рекет број еден стана мајка. Дваесет и петгодишната Јапонка роди ќерка во болница во Лос Анџелес. Таа зимата во јануари објави дека со нејзиниот дечко, раперот Кордеј, чекаат дете.
Осака ја нема на тениските терени уште од лани во септември. Последната гренд слем титули ја освои во Австралија во 2021, по што јавно почна да зборува за своите ментални проблеми кои произлегоа од притисокот на јавноста и успехот. Во мај се повлече од Ролан Гарос. Сега е на 429. место на ВТА-листата, но и покрај тоа Осака планира повторно да игра и најави дека сака да настапи на Олимписките игри 2024 во Париз.