Трејлерот за филмот Wonka е прегледан над 10 милиони пати во првите 24 часа, а позитвни се и реакциите на фановите. Филмот го режираше Пол Кинг, режисер на хит филмовите Paddington, врз основа на сценариото што тој го напишал со Сајмон Фарнаби.
Заплетот го следи младиот и ексцентричен Вили Вонка и неговите авантури пред да стане познат производител на слатки. Филмот е забавен за целото семејство и, според Warner Bros, „докажува дека најдобрите работи во животот започнуваат со сон, а ако сте доволно среќни да го запознаете Вили Вонка, сè е можно“.
Заедно со Шаламе, во филмот се појавуваат и Роуан Аткинсон, Оливија Колман, Кала Лејн, Киган-Мајкл Ки, Патерсон Џозеф, Мет Лукас, Метју Бајнтон, Сели Хокинс, Џим Картер и Том Дејвис. Гледачите на трејлерот беа особено воодушевени од Хју Грант, кој го отелотвори Умпа Лумпа.