Сопругата на водителот на Би-Би-Си, Хју Едвардс, Вики Флинд, изјавила дека нејзиниот сопруг, кој моментално се соочува со обвинувања дека платил за експлицитни слики, е хоспитализиран. Како што истакнува Вики, Хју има сериозни проблеми со менталното здравје.
„Ова го правам првенствено поради грижа за неговото ментално здравје и за да ги заштитам нашите деца. Хју страда од сериозни психички проблеми. Последните години се лекува од тешка депресија“, рекла сопругата на познатиот водител во изјава , а ја пренесува Би-Би-Си.
Хју моментално е во болница, каде што ќе остане извесно време, па неговата сопруга побарала приватност и почит.
„Настаните во последните неколку дена дополнително ја влошија неговата состојба. Доживеа уште една многу тешка епизода“, напишала сопругата на познат британски новинар.
Таа изјавила и дека водителот ќе проговори за обвинувањата против него кога ќе биде во доволно добра состојба за тоа.
Да потсетиме, минатиот викенд британскиот јавен сервис го суспендираше тогаш неименуваниот водител бидејќи млад човек го обвини дека уште од својата 17-та година му плаќал илјадници фунти за експлицитни фотографии. Подоцна против водителот беа упатени уште неколку обвинувања.
Едвардс е еден од водечките телевизиски водители во Велика Британија, а работи во Би-Би-Си од 1984 година.