Манекенката Хајди Клум (50) и нејзиниот сопруг Том Каулиц (33) се препуштија на нежности во плиткото на плажа на Сардинија. Папараците ги фатиле додека разменуаат бакнежи и страсни прегратки.
50-годишната манекнка носела црно бикини со дијамантски накит за тело што е прилагодена верзија на дизајнот на Jacquie Aiche, кој се проценува дека вреди 15.500 долари.
Парот на почетокот на месецот беа видени како се гушкаат во Венеција, од каде се појави фотографија како Калуц го гали нејзиниот стомак што предизвика шпекулации во јавнсота дека можеби Хлум е бремена. На парот во Венеција им се придружи нејзината 13-годишна ќерка Лу, која ја има со поранешниот сопруг Сил. Освен Лу, двојката ги има и синовите Хенри (17) и Јохан (16), а во брак беа од 2005 до 2014 година.
Клум и Каулиц тајно се венчаа во 2019 година, а рокерот од Хотел Токио реши да ја побара Клум по повеќе од една година врска.