Пејачката Бритни Спирс на Инстаграм потврди дека ќе ги објави своите мемоари „Жената во мене“.
„Мојата приказна доаѓа, под мои услови, конечно. Дали сте подготвени?“, напиша таа на видеото.
Според издавачот Галери Брукс, книгата ќе биде храбра и неверојатно трогателна приказна за слободата, славата, мајчинството, опстанокот, верата и надежта и ќе се занимава со борбата на Спирс да го прекине старателството над нејзиниот татко.
Ќе биде објавена на 24 октомври, а на корицата на книгата ќе биде поставена црно-белата топлес фотографија на пејачката од 2001 година.
„Тоа ќе биде издавачки настан на годината. Не можевме да бидеме погорди што и помогнавме конечно да ја сподели својата приказна“, изјавил Џенифер Бергстром, потпретседател на „Галери бокс“ за магазинот „Пипл“.