Викенд хороскоп за 15 и 16 јули: зголемување на приходите за близнаците, нов почеток за водолиите

Овен
Родените во овој знак се фокусирани на барање нова работа. Во добра позиција сте бидејќи вашето креативно и критичко размислување се засилени, па така, лесно ќе дојдете до нови идеи. Ако се соочувате со проблеми поврзани со финансиите, пробајте да го смените својот пристап и да дојдете до решенија кои не сте ги пробале претходно.

Во сабота и недела, поставеноста на Месечината во однос на Нептун може да ви донесе збунетост, но слатката Венера пак ќе ви покаже дека работите не се секогаш така како што изгледаат. Не дозволувајте да потпаднете под илузии. Меркур во Лав ве поттикнува да се насочите кон фактите, а тоа е најдобриот пристап со оглед на сите констелации викендов.

Бик
Ако веќе некое време размислувате за да направите некаков важен чекор, ова е вистинското време за тоа. За некои луѓе тоа може да изгледа како импулсивен потег, но вие не се грижете што мислат другите, барем не овој викенд. Вие не ги сакате промените и промената на статус-кво ситуацијата, но ваквата промена ви е потреба.

За време на викендот, ќе се прашувате дали ги испраќате вистинските сигнали до вашите пријатели и како комуницирате на социјалните медиуми?  Не се грижете како ќе бидете сфатени, се додека она што го споделувате со другите доаѓа од срце и е нешто во што верувате. Но, ако сметате дека не сте доволно јасни во комуникацијата, изјаснете се соодветно за да не бидете погрешно сфатени.

Близнаци
Вашата интуиција е силна овој викенд и може да ви донесе многу нови идеи, особено како да ги зголемите своите приходи. Некои работи би можеле да ви го сменат животот од корен, но само ако се фокусирате да ги примените во пракса. Ако имате потреба да решите некаква финансиска дилема, следете ја сопствената интуиција, драги Близнаци.

Ќе имате потреба и да го заштитите својот имиџ пред вашите надредени. Со Месечината во вашиот знак кон Нептун, ќе се чувствувате како камелеон кој лесно се снаоѓа во сите ситуации. Ако барате работа, бидете свои. Така најдобро ќе ги освоите потенцијалните работодавци.

Рак

Сакате да внесете одредени промени во вашиот живот? Аголот меѓу Сонцето и вашиот исцелител Хирон, ќе ве охрабри да ги поставите вистинските прашања и да дојдете до сознание што ве спречува кон тоа. Можеби некои работи се поврзани со проблеми од детството или пак други искуства. Ако на површина дојдат некои спомени, подгответе се да се соочите со нив.

За време на викендот, Венера ќе биде присутна во вашата финансиска зона пред да почне да се движи ретроградно, па затоа важно е да обрнете внимание на вашиот пристап кон парите. Бидете внимателни околу трошоците во текот на следните денови, а Нептун ве предупредува да не купувате нешто што не ви е потребно.

Лав

Родените во овој знак се подготвени да стават крај на нешто од минатото и да се нурнат во непознати води. Имате можност да споделите идеи и да бидете уникатни, што ќе им се допадне на повеќето луѓе околу вас. Големи се шансите да бидете забележани од интересни личности.

Месечината е во вашиот социјален сектор, а таа ќе ја интензивира потребата да сретнете нови луѓе. Тоа е одлично и може да отвори нови врати за вас. Но, ако сте во потрага по љубов, една посебна личност ќе остане подолго во вашите мисли.

Девица

Имате желба за нови искуства? Големи се шансите импулсивно да одлучите да направите нешто ново. Бидете подготвени да излезете од својата пријатна зона, но и да промените некои работи во вашите навики или стил. Тоа ќе ви донесе радост.

Со Меркур и Венера во вашата зона на духовност, ова може да биде и време на прашања, но и решавање проблеми. Ако досега сте имале проблеми во својата љубовна врска, недела е денот кога ќе се одлучите да преземете нешто конкретно.

Вага

Подготвени сте за промени? Овие денови ви носат возбуда. Веројатно веќе некое време подготвувате нови идеи и промени во вашиот живот, но овој викенд ви ја носи можноста да ги пренесете во пракса. Дајте си слобода да го направите тоа што вам ве прави среќни.

Ако имате пријатели кои сакате да ги видите, јавете им се. Најдете време за луѓето кои го исполнуваат вашиот живот со радост.

Шкорпија

Иако некои луѓе ви пречат и ви изгледа како да ве полнат со негативна енергија, постои шанса да имате потреба да поминете време со некои луѓе кои ќе ви помогнат да откриете нови идеи и можности. Ова е период кога некој ќе ви даде предлог или ќе ви помогне нешто сосема ново да видите во поинакво светло. Подгответе се за возбудлив викенд.

Стрелец

Овој период ви е малку хаотичен, но во сето ова, големи се шансите да донесете важна одлука. Иако и самите ќе бидете шокирани од своите потези, важно е да стоите цврсто на земја. Некои Стрелци ќе бидат носталгични за минатото, но имајте на ум дека новите почетоци се пред вас, ова  лето.

Јарец

Еден креативен проект може да разбуди страна од вас која никој не ја очекувал. Имате одлична енергија која е креативна и професионална која другите веројатно досега ја игнорирале, но таа доаѓа до израз овој викенд.

Ако се соочувате со нервоза, не правете комплицирани нешта. Исто така, избегнувајте ги тешките разговори за емоции, бидејќи би можеле да донесат само хаос.

Водолија

Водолиите имаат инспирација за нов почеток на полето на домот. Некои од вас донесуваат одлука да сменат нешто во својот простор или пак да се преселат на друго место. Други пак, храбро ќе тргнат во отворање на сопствен мал бизнис. Среќно! Ѕвездите се на ваша страна.

Риби

Дали сте подготвени да нурнете во непознатото? Ако ви е потребен нов почеток, тогаш овој викенд ви носи таква енергија. Имате силна енергија која ви помага да се ослободите од она што не ви служи, но и да тргнете кон градење на нови, големи нешта за себе.

Scroll to Top