Свечен пречек на фудбалерот Лионел Меси во фудбалскиот тим Интер Мајами ЦФ, му приредни поранешниот фудбалер Дејвид Бекам.
Тимот на Дејвид, Интер Мајами ЦФ го претстави својот нов играч на церемонијата во Форт Лодердејл, Флорида, на која присуствуваше и Викторија Бекам со децата Харпер и Круз.
Викторија се искачи на сцената со децата за да го поддржи Дејвид, а 12-годишната Харпер за таа пригода избра розов фустан, бојата на клубот на нејзиниот татко.
Средбата на фудбалските икони на сцената беше момент за паметење, а семејствата се поздравуваа со насмевки, бакнежи и прегратки.
На презентацијата им се придружи Антонела Рокузо со синовите Тиаго, Матео и Чиро, а Дејвид блиску ја прегрна сопругата на Меси.