(Видео) Рики Мартин со синовите на јахта крстари низ светот

Рики Мартин кој неодамна се разведе од Џван Јозеф објави видео со синовите Матео и Валентино (14), кои ги доби со сурогат мајка. Тројцата патуваат низ светот преку турнејата Sinfónico, која ги вклучува и места во САД, Европа и Латинска Америка. Во меѓувреме имаше и концерт во Монте-Карло, во  Монако.

Потоа излетот го продолжија во градовите во Шпанија и Мексико.

„Квалитетно време со близнаците“, напиша пејачот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ricky Martin (@ricky_martin)

За потсетување, покрај Матео и Валентино, Рики со Јозеф ги има синот и ќерката Рене и Лусија, кои ги добија исто така со сурогат мајка. По разводот пејачот побара заедничко старателство како дел од битката за развод и ќе продолжи да ги одгледува близнаците како самохран родител.

„Решивме да го завршиме нашиот брак со љубов, почит и достоинство кон нашите деца и почитувајќи го она што го доживеавме како пар сите овие прекрасни години“, рекоа и двајцата за магазинот „Пипл“.

Scroll to Top