Брза помош интервенирала во домот на француската филмска ѕвезда Брижит Бардо, откако се пожалила на проблеми со дишењето.
Службите за итни случаи биле повикани во домот на 88-годишната актерка на југот на Франција во средата вечерта, потврдил сопругот на актерката Бернард Д’Ормале.
Имено, откако ја потврдил веста, Бернард додаде дека на Брзата помош првично и била дадена погрешна адреса.
“Беше околу 9 часот кога Брижит имаше проблеми со дишењето. Нејзиното дишење беше посилно од вообичаено, но не ја изгуби свеста”, објаснувал сопругот на Бардо.
Болничарите и дале кислород и извесно време останале во куќата на парот за да ја набљудуваат.