Принцот Хари и Меган Маркл моментално се разделени, наводно поради потешкотии во нивниот брак, објави „Пејџ сикс“.
„Тие се обидуваат да откријат што ги снајде. Хари не се вклопува во кичестиот холивудски свет на Меган“, рекол неименуваниот извор.
Изворот наведува дека парот е под огромен финансиски притисок да го задржат својот раскошен начин на живот во Калифорнија, кој ја вклучува и нивната палата од 14 милиони долари.
Во меѓувреме, страницата на Инстаграм „Deuxmoi“, која објавува озборувања за познатите личности, објави дека парот ја продала својата куќа во Монтесито во округот Санта Барбара и дека Хари живее на друго место, одвоено од Меган.
Сепак, извор близок до парот ги демантира шпекулациите за наводната разделба на парот.
„Тоа не е вистина. Буквално се е измислено“, рекол тој.