Актерката Лидија Вукиќевиќ прослави 61. роденден во Котор, Црна Гора. Таа ужива на море, а роденденската забава ја приредила на јахта со блиски пријатели.
„Еден од моите најубави родендени. Им благодарам на моите прекрасни пријатели кои се потрудија да ми го разубават денешниот ден“, напиша Вукиќевиќ.
View this post on Instagram
Актерката објавила и фотографија од тортата која ја добила на која се наоѓа нејзиниот лик.
Вукиќевиќ, инаку, важи за една од нашите најубави актерки, а уште на почетокот на седмата деценија изгледа фантастично, а многумина и пишуваат дека на нејзиниот изглед можат да и позавидат и многу помладите колешки.