Актерката Џозефина Чаплин, ќерка на Чарли Чаплин, почина на 74-годишна возраст. Веста ја соопштија денеска од семејството од каде објавија дека Џозефина починала на 13 јули во Париз.
Џозефина е ќерка на Чаплин која ја доби од неговата четврта сопруга Уна О’Нил. Беше шесто од 11-те деца на Чаплин и трето од осумте со О’Нил. Беше актерка и ќерка на нобеловецот и драматург Јуџин О’Нил. Родена е во Санта Моника, Калифорнија, во март 1949 година.
Глумела во политички ориентираниот филм на Менахем Голан, „Бегство на сонцето“, „Мирисот на диви животни“ со Виторио де Сико и Морис Рон, „Џек Рипер“ со Клаус Кински, и „Беј Бој“ со Лив Улман и Кифер Сатерленд.
Се појави во неговиот филм „Грофицата од Хонг Конг“ во 1967 година. Најмногу глумеше во француски филмови. Раководеше и со канцеларијата на семејството Чаплин во Париз и спонзорираше статуа на нејзиниот татко во Вотервил, Ирска.
По смртта на татко ѝ во 1978 година, се вклучи во бизарен заговор за изнуда, кога двајца мажи му го украле телото и ковчегот. Семејството одбило да го плати откупот, а посмртните останки биле пронајдени 11 недели подоцна.
Мајка ѝ, Уна О’Нил, почина во 1991 година. Џозефина била во брак двапати, со грчкиот бизнисмен Ники Систоварис и археологот Жан-Клод Жарден. Според Холивуд Репортер, зад себе ги остави браќата Мајкл, Јуџин и Кристофер, сестрите Џералдин, Викторија, Џејн и Анет и синовите Чарли, Џулиен и Артур.