(Видео) Викторија во прегратка на Бекам, Серена навива од трибини: Познатите ѕвезди на дебито на Меси во Интер Мајами

Познати личности од шоубизнисот вчеравечер дојдоа на стадионот на Интер Мајами за да го гледаат и да му дадат поддршка на дебито на Линонел Меси.

Тенисерката Серена Вилијамс, реалити ѕвездата Ким Кардашијан на трибините го гледаа шоуто на Аргентинецот кој откако влезе во игра во 54. минута веднаш му донесе победа на Интер против Круз Азул во натпреварот од групната фаза од Лигата на купот Северна и Централна Америка и тоа со феномеланен гол од слободен удар во 94. минута.

Викторија Бекам, му се фрли во прегратка на нејзиниот сопруг Дејвид Бекам кој го донесе Меси на Флорида. Камерите забележаа дека поранешниот капитен на Англија се расплака под наплив на емоции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 👑 (@kingjames)

На натпреварот се појави Леброн Џејмс, а неговата поздравна порака до Меси стана хит на интернет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bleacher Report (@bleacherreport)

Scroll to Top