(Галерија) Александра Шијакоска го додаде новото презиме на Инстаграм и ја објави фотосесијата од венчавката

Инфлуенсерката Александра Шијакоска која неодамна се омажи со нејзиниот сопруг Едмонд, објави фотографии од венчавката која изгледа како оние од Инстаграм.

„Првите слики од регистрацијата. Не постои подобар фотограф од Симона. Бајка од слики ни направила“, напиша Шијакоска, која на Инстаграм до додала и презимето на сопругот. Па така сега на оваа социјална мрежа е Александра Весели Шијакоска.

Таа објави неколку албуми на фотографии. Правиот е „Маж и жена“ каде има фотографии од Александра и Едмонд, најубавите моменти забележани додека се венчаат пред матичар.

Вториот албум со фотографии е насловена „Сите детали“ од тори, преку накит, па се до свршеничкиот фустан.

И третиот е „Нашето семејство“ со фотографии од најблиските роднини на парот.

Александра и Едмонд се 12 години во врска.

Инаку инфлуенсерката лани имаше четири операции на главата поради тумор на главата, па нејзината голгота низ што се поминуваше ја споделуваше со нејзините следбеници на Инстаграм.
Фото: Инстаграм Александра Шијакоска
Scroll to Top