Роналдо ги помина Кардашијан и Меси, фудбалерот заработува најмногу од објави на Инстаграм

Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо, со најголема заработка од социјалните мрежи. Тој е на врвот на листата и ги престигна Кајли Џенер и Лионел Меси.

Фудбалерот има заработка по 2,1 милиони евра за секоја спонзорирана објава на Инстаграм. Иако капитенот на Ал Насар, е во залезот на кариерата, тој се уште е привлечен за светските брендови.

Роналдо на неговиот Инстаграм профил има 597 милиони следвеници.

Втора на листата е Кајли Џенер која има заработка од 1,69 милиони евра по објавува. На третата позиција е уште еден фудбалер и тоа најголемиот ривал на Португалецот, Лионел Меси, со заработка од 1,59 милиони евра по објава.

Листата на заработка по објава на Инстаграм во милиони евра:

1. Кристијано Роналдо 2,16

2. Кајли Џенер 1,69

3. Лионел Меси 1,59

4. Селена Гомез 1,56

5. Двејн Џонсон 1,53

6. Ким Кардашијан 1,51

7. Аријана Гранде 1,5

8. Бијонсе 1,24

9. Клои Кардашијан 1.19

10. Кендал Џенер 1,15

 

Scroll to Top