Марго Роби за улогата на Барби добила хонорар од 12,5 милиони долари

Славната актерка Марго Роби ја доби главната улога во филмот „Барби“, кој постигна неверојатна побарувачка во предпремиерното издание. Популарната продукција заработи 22,3 милиони долари на американскиот бокс офис во прегледите во четвртокот.

Првичните очекувања се дека вкупната заработка во првата недела од објавувањето ќе биде околу 100 милиони долари. Премиерата на „Барби“ го надмина претходниот рекорд од 17,5 милиони долари што го држеше Guardians of the Galaxy Vol. 3. Сепак, она за што можеби најмногу се шпекулира се хонорарите што ги добиваат главните ликови.

Пред самиот почеток на прикажувањето на филмот протекоа и платите на актерите. „Variety“ напиша дека Марго Роби добила 12,5 милиони долари за улогата на Барби, додека Рајан Гослинг добил исто толку за улогата на Кен. Познатата убавица беше најплатената актерка во 2022 година, токму благодарение на филмот „Барби“.

Марго уште во 2014 година изјави дека отсекогаш имала силна работна етика и секогаш штедела.

Според страницата „Celebrity Net Worth“, богатството на актерката Марго Роби се проценува на 40 милиони долари, што вклучува заработка од филмови, соработки со големи брендови и поседување недвижен имот.

 

Scroll to Top