(Видео) Поради геј бакнеж на Мети Хили и басистот, прекинат фестивал во Малезија

Музички фестивал во Малезија е откажан откако Мети Хили, пејачот на британскиот бенд „The ​​1975“, остро ги осуди законите против ЛГБТ и бакна колега од бендот на сцената.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи, може да се слушне како Хили ги навредува и пцуе организаторите и малезиските власти за време на настапот на фестивалот „Гуд вајбс“, кој се одржа во Куала Лумпур.

„Не гледам поента да го поканите ‘The 1975’ во некоја земја, а потоа да ни кажете со кого можеме да имаме секс. Не е фер кон вас, бидејќи не сте претставници на вашата влада. Вие сте млади луѓе и сигурен сум дека многу од вас сте геј и прогресивни“, им се обрати Хили на публиката, пред да му се приближи на басистот Рос Мекдонал на сцената и го бакна.

Оваа ситуација го натера Министерството за комуникации на Малезија целосно да го откаже фестивалот. Инаку, истополовите односи во оваа земја се незаконски и се казнуваат со парични казни и до 20 години затвор.

Министерот за комуникации Фахми рече дека Малезија е посветена на поддршката на развојот на креативните индустрии и слободата на изразување, но и дека уметниците никогаш не треба да ги допираат чувствителните теми на заедницата, особено оние кои се против традициите и културните вредности.

Ова не е прв пат пејачот на групата „The 1975“ да предизвика контроверзии. Хели наиде на критики на почетокот на оваа година за користење на нацистички поздрав на сцената за време на „Love It If We Made It“, додека пееше стихови критички настроени кон раперот Канје Вест.

 

Scroll to Top