Легендарниот пејач Мик Џегер неделава ќе го слави 80 роденден, а за забавата поканил повеќе од 300 гости. Ѕвездата на „Ролинг Стоунс“ планира да организира голема забава во Лондон, во една од најстарите ботанички градини, пренесе „Мирор“.
„Навршувањето 80 е голема пресвртница за секого и Мик сака да организира забава која никој нема да ја заборави“, рече извор близок до него.
Славниот рокер минатата година беше на турнејата на Стоунс, на која беа одбележани 60-годишнината, а иако го преболи коронавирусот, Џегер не планира да престане со настапите.
„Не мислам дека уживањето во животот е ексклузивна привилегија на младите. Не мислите ли дека понекогаш е мудро да не пораснете?“, рече неодамна Џегер.
За потсетување, пејачот неодамна се сврши со 43 години помладата балерина Мелани Хемрик (36). Двојката се запозна во 2014 година, на неговиот концерт во Токио. Блиски пријатели открија дека двајцата се во отворена врска, а пред шест години го добија синот Деверу.
Мик има уште седум деца со пет различни сопруги, како и пет внуци и една правнука.
„Мик целосно се промени. Често менуваше девојки. Сепак, Мелани и Деверу одат на турнеја со него, па секогаш е заедно со семејството. Тоа е нешто што го прави среќен“, рече изворот за „Мирор“.