Пејачката Доџа Кат позната по својот необичен стил на облекување, ги изненади фановите со нова фризура. Пејачката си ја избричи главата и сега е речиси ќелава, аостатокот од коса ја обоила во розова боја, а на задниот дел од главата нацрта голем црн пајак и го украси со циркони.
„Ти имаш сериозен проблем“, напиша следбеник на Доџа под фотографијата.
View this post on Instagram
По овој коментар пејачката го оневозможи коментирањето.
Пајаците се новиот заштитен знак на Доџа. Таа истетовирала цртеж одголем пајак на целиот грб, а фотографија од него како нејзина профилна слика ја објави на Инстаграм.
Пајакот на главата на пејачката го насликал уметникот Џеки Бибер, која е специјализиран за овој вид на уметност на коса.
Да потсетиме, пејачката на последната Мет Гала пристигна облечена како мачка.
Таа носеше креација од Оскар Де Ла Рента, и толку влезе во улогата што мјаукаше за време на интервјуто.