Откако се видов на фотографиите како изгледам, сфатив дека ќе умрам: Кара Делевињ за борбата со зависноста

Супермоделот Кара Делевињ во интервју отворено зборувала за нејзиното одвикнување од алкохолот. Таа истакнала дека секоја секунда од процесот на одвикнување од алкохолот вредела.

Во интервју за британското издание на магазинот Elle, супермоделот изјави дека е по стабилна и помирна откако не консумира алкохол. Делевињ минатата година замина на рехабилитација поради злоупотреба на супстанции, откако призна дека папарацо фотографиите од нејзиното чудно однесување на аеродромот служеле како повик за будење.

„Не беше лесно, но никогаш немаше моменти кога си реков дека рехабилитацијата не вреди за резултатите. Вредеше секоја секунда. Стабилна сум, посмирена“, изјавила таа за магазинот.

Манекенката призна дека зборувањето за нејзините потешкотии симнале огромна тежина од нејзините рамена.

„Долго време се чувствував како да кријам многу од луѓето кои гледаа кон мене. Конечно се чувствувам како да можам да бидам целосно слободна и своја“, додала таа. Популарната 30-годишна девојка во април зборуваше за „Вог“ за нејзините проблеми со злоупотреба на супстанции и нејзиниот нов пат до трезвеноста, пишува „Пејџ сикс“.

Таа продолжи со детали од рехабилитацијата, велејќи дека била вратена во реалноста кога ги видела застрашувачките фотографии од себе на аеродромот. Иако признала дека поради употребата на дрога се чувствувала непобедлива, манекенката додала дека нејзиното однесување станало диво.

„Тоа е страшна работа за луѓето околу тебе“, рече тогаш таа и нагласи дека во тој момент имало многу блиски луѓе кои биле многу загрижени.

Откако ги видела своите фотографии од аеродромот, ѕвездата сфатила дека или ќе заврши мртва или ќе направи нешто многу глупаво доколку не се лекува.

Scroll to Top