Сопственик на лозје се изненадил кога стигнал во подумот од викендицата кај Крижевци во Хрватска. Ја нашол вратата од викендицата скршена и со страв влегол во просторијата.
Кога повнимателно разгледал забележал дека некој му ја украл целата залиха на домашна ракија. Наводно, во визбата имало околу 40 литри ракија.
„Помеѓу 22 и 26 јули, во лозарската област Мали Поточец, непознат сторител провалил во викендица и украл десетици литри алкохолни пијалоци“, јавува Н1 Загреб.
„Со тоа го оштетил сопственикот за неколку стотици евра. Полициски службеници водат криминалистичка истрага“, открила полицијата од Копривница.
Освен ракија, крадецот не одзел ништо друго.