Ќерката на Џони Деп страсно се бакнува со девојката среде ресторан во Лос Анџелес

Лили-Роуз Деп, 24-годишната актерка и ќерка на славниот Џони Деп, уловена е од папарацо фотографите како страсно се бакнува со нејзината партнерка на ручек во Лос Анџелес.

Двојката се држела рака по рака во Лос Анџелес додека се движеле до ресторанот за саботниот ручек, привлекувајќи големо внимание.

Инаку, раперката и актерката за прв пат беа романтично поврзани во јануари годинава. Ѕвездата од малите екрани потврди дека парот почнал да се забавува во јануари, откако објави романтична фотографија од двете како се бакнуваат.

„Четири месеци со мојата симпатија“, изјави тогаш додаде Лили-Роуз Деп.

Дејли Мејл претходно објави дека славниот татко на Лили ја одобрил најновата врска на неговата ќерка.

Извор близок до Лили открил дека „Лили верува дека е заљубена и дека Џони не сака ништо повеќе на овој свет отколку таа да сака и да биде сакана од некој што ја заслужува“. Според инсајдерот, актерот ја одобрик 070 Шејк како нејзина партнерка и не бил обожавател на поранешните момчиња на својата ќерка.

„Џони исто така смета дека е одлично што неговата ќерка е со музичарка бидејќи и тој е музичар“, додал изворот.

 

Scroll to Top