Арнолд Шварценегер (76) е роден во 1947 година во близина на Грац во Австрија. Како момче тренирал фудбал под влијание на татко му, но на 14 години решил да се обиде со бодибилдинг. Инспириран од познатите светски бодибилдери, Арнолд тренирал секој ден во теретана и брзо почнал да експериментира со стероиди. Дури и за време на викендите, кога се затворала салата, тој се прикрадувал преку скали и вежбал.
Во 1965 година Шварценегер се приклучил на австриската војска, но и тогаш не застанал со интензивни тренинзи и строга диета. Поради учество на бодибилдинг натпреварот Мр. Европа избегал од армијата без дозвола. На натпреварот го освоил првото место, но заработи и два месеци воен затвор.
Омилена храна му е стекот, бидејќи со години конзумирал големи количини на протеини поради тренинзите.
„Правилото на Арнолд“ гласи: „Ако сакате да станете големи, треба да јадете грам месо по килограм телесна тежина дневно“.
Една година подоцна, тој се вратил од војска и заминал во Минхен каде што работел како фитнес инструктор. Арнолд потоа наишол на сериозни финансиски проблеми, поради што морал да спие и во теретана некое време.
По освоеното второ место на натпреварот „Mr. Universe’ Schwarzie“ направил голем напредок во својата бодибилдинг кариера и се преселил во Америка. После тоа, успесите и титулите само продолжиле да доаѓаат.
За разлика од Силвестер Сталоне, кој признава дека кариерата ја започнал во порно, поранешниот гувернер на Калифорнија се срами од фактот што како млад позирал за геј магазинот „After dark“. Во 1970-тите, 22 негови фотографии биле објавени во тоа списание.
Тој се повлекол од светот на бодибилдингот во 1975 година, но во меѓувреме почнал да се појавува во филмови. На почетокот на неговата актерска кариера, изразениот австриски акцент и големата мускулна маса му направиле голем проблем. Сепак, Арнолд вредно посетувал часови по глума и работел на корекција на акцентот и слабеење.
Во интервју за Wall Street Journal, Арнолд изјавил дека ги замолчувал сите оние кои го критикувале на почетокот на неговата кариера.
„Самите нешта за кои ме обвинија ме прават тоа што сум. Три работи ми кажаа сите на почетокот на мојата кариера. Прво, ако не можам да го изговорам твоето име, нема да станам познат. Променете го името. Второ, нема шанси да успеете со тој акцент. Трето, вашето тело е преголемо и сте се здебелиле премногу. Тие три работи станаа мој заштитен знак. Никогаш не слушајте ги критичарите“, рекол тој.
Џејмс Камерон воопшто не сакал тој да биде Терминаторот. Тој беше наменет за улогата на Кајл Рис. Откако го прочитал сценариото и направил неколку тест снимки, Арнолд го замолил Камерон да му дозволи да го игра Терминатор. Тој се побунил, бидејќи Рис бил замислен како главен херој, а Терминатор едвај имаше неколку реченици текст.
Во 2003 година, тој се испроба во политиката и се кандидираше за гувернер на Калифорнија. Победи и покрај силното противење, а во 2006 година доби втор мандат.
Тој е татко на четири деца, а со куќната помошничка го има и шетотто дете, поради што по 25 години брак се развел од сопругата Марија Шивер.
Неговиот пријател Том Арнолд пред неколку години изјавил дека Шварценегер има секс пет пати на ден за да биде „фит“.
„Вели дека пет пати на ден се оптимални за секс и дека има потреби кои му станале дел од режимот“, рекол тој.
Биографската серија на Арнолд „Арнолд“, која излезе во јуни, моментално е една од најгледаните на Нетфликс.