Пејачката Карди Би имала инцидент на последниот настап во Лас Вегас пред неколку дена, кога девојка од публиката ја полила со пијалок, а пејачката фрлила кон неа со микрофон.
Девојка по завршување на концертот отишла во полициска станица каде побарала помош од надлежните. Како што пишуваат странските медиуми, Карди е во голем проблем со оглед на тоа што ја третираат како осомничена за нападот.
Се додека официјално не биде прогласена за виновна, пејачката останува само осомничена, пишува „ТМЗ“. Сè уште нема приведувања или апсења, а претставниците и соработниците на познатата раперка молчат за инцидентот.
За потсетување, ова не е прв пат Карди да одлучи да го користи микрофонот за нешто друго освен за пеење: вечерта пред овој настап таа се изнервирала во клуб кога диџејот ја прекинал една од нејзините песни, а потоа таа го фрлила микрофонот кон него.
@much They forgot #CardiB is from the Bronx😭 [via @Jess 🖤 ] #mic #drink ♬ original sound – MuchMusic