Актерот Џони Деп поради повреда на скочниот зглоб во мај мораше да ја одложи турнејата со својот бенд „Холивуд вампајарс“, но изгледа дека неговата нога сè уште не е опоравена бидејќи неодамна актерот беше забележан додека шета со бастун во Бостон.
„Со тага можеме да ја споделиме веста дека Hollywood Vampires ќе мора да одложат три концерти на нашата турнеја во САД. Џони се здоби со сериозна повреда на глуждот и лекарот му препорача да не патува во таква состојба. Многу му е жал за оваа ситуација но едвај чекам да се одмориме за да дадеме се од себе на европската турнеја“, објавија тогаш членовите на групата на социјалните мрежи.
Ова е прво појавување на актерот во јавноста откакобеше пронајден во бессознание во неговата хотелска соба во Будимпешта. Бендот на Деп во последен момент го откажал настапот во Будимпешта, а според полицискиот извештај актерот се онесвестил и морале да повикаат лекар. Деп наводно бил во толку лоша состојба што не можел ни да стигне на сцената.