Софија Вергара и сопругот бараат старателство за нивното куче кое го третираат како да им е ќерка

Софија Вергара и Џо Манганиело се разведуваат по седум години брак, тие се уште работат на документите за развод, но едно од клучните прашања е кој ќе ја добие чивавата по име Баблс.

„Има уште неколку спорни точки што треба да ги решат, а една од нив е кој ќе го добие нивното куче Баблс“, открил извор близок на парот, додавајќи дека Софија се надева дека ќе се разделат мирно и праведно.

Актерите објавија дека се разделуваат само неколку дена откако нивната чивава Баблс наполни 10 години, а Софија му приреди на миленичето роденденска забава со тропска тематика.

„Колку пати и да ме каснеш, јас секогаш ќе те сакам“, напиша актерката покрај фотографијата на чивава во фустан со леопард принт како јаде розова торта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Парот решил да добие куче бидејќи актерката многу сакала да има домашно милениче, но во едно интервју открила дека на почетокот немала баш најдобар однос со кучето бидејќи била повеќе врзана за својот сопруг.

„Таа ме мрази. Требаше да биде мое куче, а опседната е со Џо”, рекла таа. Во други интервјуа, актерката зборувала за тоа колку им е важен Баблс, а еднаш рече дека нејзиниот сопруг се однесува со чивавата како да е нивна ќерка.

Scroll to Top