Хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ почина пред пет години на 29 јули, по борбата со ракот на белите дробови. До крај на својот живот никогаш не запеја во Блеград, откако по војната кажа дека таму веќе ниикогаш нема да одржи концерт. И навистина, три децении не пееше во Белград и покрај многуте убедувања и понуди.
Медиуми од Србија, Радио-телевизијата на Србија во Сплит сними емисија за него. Во таа прилика новинарит го прашале зошто не сака да оди во Белград, а тој кратко одговорил дека приказната е завршена.
Но, по смртта на Оливер, неговата сопруга Весна Драгојевиќ проговори за тема која со децении ја интригира јавноста.
“ Кога беше бомбардиран Дубровник, моето семејство дојде во Сплит. Гледавме видеа од запалени бродови во Дубровник и таму беше бродот на татко ми. Тоа беше голем брод од 10 метри што татко ми почна да го гради кога јас бев на училиште. Тој го потрошил целиот свој живот градејќи го и се викаше Копакабана. И тогаш татко ми на телевизија виде дека неговиот брод гори. Почна да плаче, на што Оливер му рекол: „Миљенко, не грижи се за ништо. Работев многу таму, милион пати бев, ако те утеши, никогаш повеќе нема да пеам таму“, рече Весна и додаде дека тоа е единствената реченица што нејзиниот покоен сопруг ја кажал за Србија.
Оливер, кариерата ја започнал како тинејџер, а вистинска слава стекнал како член на групата „Море“ во седумдесеттите. Потоа следеше соло кариера и потрага по музичкиот врв. Драгојевиќ зад себе остави над 20 албуми и хитови на сите времиња.