Маж и жена на плажа на Јадранот го измија скутерот со тушот за посетители. Моторот потоа го избришаа со партали. На „Фејсбук“ страната Dalmatian Generation многумина им напишаа дека немало да се однесуваат така, ако требало да платат за да го користат тушот.
„Тогаш прашуваат зошто се наплаќаат тушевите на плажа“, „Колку е казната за ова? Сигурно не би стоел таму и да гледам без да им кажам што заслужуваат“, „Најди го тој паметен и дали општинскиот службеник добро го казни“, биле само некои од нив.
Други пак ги поддржаа и рекоа дека вака се пере мотор и дека немало потреба да се замараат со црево.