Познатиот поранешен италијански репрезентативец, Франческо Тоти откри детали од неговиот приватен живот.
Светскиот шампион со Италија, кој целата своја кариера ја помина во Рома, беше 17 години во брак со италијанската актерка и модел Илари Бласи. Тој сега открива како дошло до разводот и кои биле причините за него.
„Поради коронавирусот го изгубив татко ми, а сопругата не беше со мене. Го проверив нејзиниот мобилен телефон, што нормално дотогаш не го правев, и најдов пораки. Не можев повеќе да спијам, ништо не беше исто“, признал поранешниот фудбалер.
Со поранешната сопруга има три ќерки Шанел, Кристијана и Изабел. Во меѓувреме, Бласи почна да се забавува со германскиот претприемач Бастијан Мулер.
„Мојата сопруга, кога најмногу ми требаше, ја немаше. Ми стигнаа гласини „Слушај, Илари има друг”. Во реалноста таа имаше повеќе од еден. Никогаш не сме си го правеле тоа 20 години, а потоа добив предупредувања од различни луѓе на кои им верувам. Еднаш го погледнав нејзиниот мобилен телефон и видов порака од посредникот помеѓу Илара и трето лице. На неа пишуваше „Се гледаме во хотелот“, објаснил Тоти.
По разводот Тоти е во љубовна врска со Ноеми Бочи, а појаснил дека никогаш не ја изневерил поранешната сопруга.
„Имаше многу гласини дека се изневеруваме еден со друг, но не. Сега ќе ви докажам. Факт е дека паднав во депресија. Се преправав дека се е во ред, но тоа не бев јас. Излегов од тоа благодарение на Ноеми“, рекол Тоти.
Тоти е еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња. Со „аѕурите“ стана светски шампион во 2006 година, а целата кариера од 1993 до 2017 година ја мина во Рома, со која беше и титула во Серија А.