Фолк-пејачката Татјана Лазаревска и сопругот Новица се вратија во Македонија. По подолго време, минатиот месец заедно со нивните синови Петар и Стефан се вратија во родната земја.
Тие пред неколку години заминаа во Австралија во потрага по подобар живот.
Парот не го испушти празникот Илинден, а да не закаже музичка тезга каде ќе ги пеат македонските песни.
Во манастирот Свети Илија во село Живојно, битолско се празнува презникот Илинден, а таму Татјана и Новица со македонска песна ги веселеа селаните, но и иселениците дојдени во родниот крај.
„На манастир Свети Илија во моето Живојно, битолско“, напиша Татјана.
На Илинден пак, таа запеа и во гостиварско Врапчиште каде се прославува празникот.