Канадскиот премиер Џастин Трудо се разведува од неговата сопруга Софи по 18 години брак откако имале разумни и тешки разговори.
Парот изјавил дека ќе останат блиско семејство. Тие се венчаа во Монтреал во 2005 и добија три деца.
Од канцеларијата на канадскиот премеир изјавиле дека иако потпишале документи за развод, тие ќе продолжат заедно да се појавуваат на јавни настани.
Џастин и Софи Трудо ја почнаа врската во 2003 година кога таа работеше на телевизија.