Американската актерка Линдзи Лохан кон средината на јули го роди своето прво дете, синот Луаи. Ова необично име на арапски јазик значи заштитник, а сега 38-годишната актерка на Инстаграм ја објави првата фотографија по породувањето. Како што вели, горда е на своето тело.
View this post on Instagram
„Многу сум горда на тоа што ова тело успеа да го постигне во текот на овие девет месеци бременост и сега за време на закрепнувањето. Да се има дете е најголема радост на светот. Мојата облека во последно време е мојата постпородилна долна облека“, напишала актерката која своето прво дете го роди во Дубаи, каде што живее. Лохан и нејзиниот сопруг се венчаа лни, а актерката изјави дека никогаш не била посреќна.
„Јас сум најсреќната жена на светот. Ме пронајде и знаеше дека сакам да пронајдам среќа и милост, се во исто време. Пресреќна сум што токму ти си мојот сопруг“, напишала по венчавката на Инстаграм.