Познатиот музичар Роберт Билбилов наводно е во љубовна врска со инструкторка по јога, Лејла Рамковска. Двојката беа пријатели повеќе од 15 години. Нивни блиски тврдат дека се во љубов и дека заедно се среќни, пишува Убавина и здравје. Во љубов се неколку месеци, а во последно време често може да се видат заедно и во скопските ресторани и кафулиња. Роберт и Лејла веќе имаат по еден брак зад себе. Лејла беше во брак со Сефер Цаноски, со кого има две деца, а Билбилов со манекенката Ана со која имаат син.
Редакција Репортер и од двајцата побара изјава да ја потврдат љубовната врска, но до сега не добивме одговор.