Џеф Безос и Лорен Санчез славеа веридба на јахта, им дојде и Бил Гејтс

Џеф Безос и Лорен Санчез се верија овој мај, а вчера имаа ексклузивна забава на  јахта , се за да ја прослават веридбата.

Џеф Безос својата Лорен,  ја запроси со 20-каратен дијамант вреден повеќе од 2,5 милиони долари. На прославата во Италија беа поканети многу деловни ѕвезди, а целата забава била многу раскошна.

Прославата за веридбата се одржала оваа недела на луксузната јахта на Безос вредна 500 милиони долари. Бродот со име „Кору“ е наводно најголемата едрилица во светот.

Безос ја запроси Лорен на јахта, а извор за People откри дека парот е навистина вљубен: „Сите нејзини пријатели велат дека ова е нејзиниот сон. Го нашла мажот со кој сака да го помине остатокот од својот живот и почувствувале дека е вистинското време“.

Прославата ја организирале нешто повеќе од два месеца по романтичниот момент, а на прославата се приклучија и колегите на Безос од светот на претприемништвото.

На јахтата во Италија пристигна Венди Денг Мардок, американска претприемачка со кинеско потекло која е ко-основач на „Артси“, онлајн платформа за собирање, откривање и продажба на уметност која соработува со повеќе од 4000 уметнички музеи, галерии, саеми за уметност и аукциски куќи. Покрај неа, на Безос и Санчез им се придружи и Бил Гејтс .

 

Scroll to Top