Том Брејди и Ирина Шајк отидоа на романтичен состанок само неколку дена откако нивната романса беше разоткриена, открива „Пејџ сикс“.
Очевидец изјавил за „Пејџ сикс“ дека поранешната НФЛ ѕвезда и супермодел уживала на приватна и затворена за јавноста вечера за двајца во „Суши Азаб“ во населбата Трибека во Њујорк.
„Вечерав суши и додека го завршував оброкот влезе Том Брејди“, рекол очевидецот, додавајќи дека вработените во ресторанот веднаш го спровеле пензионираниот спортист во посебна, приватна соба. Неколку минути подоцна, додека изворот на ТМЗ бил надвор разговарал со некои пријатели, тие ја виделе Ирина како влегува во наведената приватна соба.
„Беа само тие двајца, во својот мал свет. Очигледно не сакале да бидат со други луѓе“, раскажал очевидецот и додал дека за тајниот состанок 46-годишниот Брејди бил облечен многу лежерно, маица со кратки ракави, фармерки и тениски чевли.
Шајк, сепак, пристигнала во многу поформално и поелегантно издание. Вработените во луксузниот ресторан изјавиле за „Пејџ сикс“ дека не откриваат информации за нивните гости, а претставниците на ѕвездите не одговориле веднаш на барањата за коментар.
Инаку, ѕвездата на американскиот фудбал и манекенката се најдоа на насловните страници на 24 јули откако ја поминаа ноќта кај Брејди во Лос Анџелес. Како што ексклузивно објави „Пејџ сикс“, неодамна разведениот татко на три деца ја собрал Русинката од нејзиниот хотел во петокот попладне и потоа ја однел до неговиот близок дом. Дуото не ја напуштило својата резиденција до 9 часот и 30 минути следниот ден кога ја оставил во хотел. Брејди потоа се вратил повторно во саботата попладне за да ја земе Шајк.
Сите очи се вперени во Брејди и неговиот нов избор поради неговиот развод од манекенката Жизел Бундхен во октомври 2022 година, по повеќе од 13 години брак. Тие ги имаат синот Бенџамин (13) и ќерката Вивијан (10), а тој е татко и на синот Џек (15) од претходната врска со манекенката Бриџит Мојнахан.
Во меѓувреме, Шајк и 48-годишниот актер Бредли Купер, кои се родители на 6-годишната ќерка Леа Де Сеин, се разведоа во јуни 2019 година по четири години врска.