Политичарите сакаат да не поделат и нас музичарите, Тони Цетински за забраната на српските пејачи да настапат во Хрватска

Тони Цетински отворено зборуваше за забраната на некои српски пејачи да пејат во Хрватска. Пејачот синоќа одржа спектакуларен концерт во Књажевац на 62. Младински фестивал на културата каде собра 4.000 луѓе, а пред настапот разговараше со новинарите.

Зборуваше искрено за ситуацијата со која се соочиле некои од неговите српски колеги и пријатели на кои им е забрането да настапуваат во Хрватска.

„Јас целиот мој живот ширам љубов преку песните. Никогаш не ме интересираа забраните. Тоа што одредени политичари се обидуваат да направат поделби меѓу нас, е нешто што не ме засега“, рече Цетински.

Веста дека на Јелена Карлеуша, Харис Џиновиќ, Ана Бекута, Мирослав Илиќ и некои други српски изведувачи им се откажани концертите во Хрватска затоа што Движењето Татковина ги сметало за несоодветни, Цетински рече дека ја примил со изненадување.

„Не гледам разлика меѓу луѓето во Истра, Ровињ или Књажевац. Би сакал луѓето да разберат дека сите сме исти, а кога тоа ќе го сфатат на сите ќе им биде поубаво. Јас доаѓам од Истра. На никого му немам забрането да дојде и не сакам забрани. Тешко ми е затоа што цело време ширам љубов преку песните. Не сакам да учествувам во она што медиумите или политичарите сакаат да го наметнат. Ги затворив сите мои профили на социјалните мрежи бидејќи сфатив дека тие воопшто не се социјални. Немам контакт со тој свет. Не сакам да навлегувам во она што одредени политичари го сервираат. Они ни забрануваат на нас, ние на нив. Кај мене тие, ние. Тоа не постои. Можеби главата ми е луда, но таа не ја знае разликата меѓу нас“, рече Цетински.

За крај иако не слуша кантри музика, Цетински рече дека во осумдесетите Лепа Брена и Свит Син биле неверојатна сензација, поради што дури и го прескокнал ѕидот за да ги слуша.

„Нема кој не ги почувствувал Лепа Брена и „Слаткиот грев“ во 80-тите. Прескокнувавме ѕидови за да ги гледаме“, додаде тој и откри кога планира да се пензинора и повлече од музичката сцена

„Пред околу 10, 15 години мислев дека ќе одлучам кога ќе се пензионирам, но работите се сменија. Кога публиката ќе престане да ми дава љубов, тогаш ќе се повлечам“, рече Цетински.

Scroll to Top