Ѕвездата од Беверли Хилс, Тори Спелинг живее со своите деца како бездомничка. Тори е поранешна холивудска ѕвезда и ќерка на еден од најголемите магнати во Холивуд. Таа неодамна се разведе од сопругот Дин Мекдермот, со кој имаше пет деца.
Добро упатени извори тврдат дека тоа не е единствениот проблем на Тори. Таа има проблем со зависноста од шопинг и луксузен начин на живот, наводно, месечните сметки и се околу 100.000 долари.
„На нејзиното трошење му нема крај. Во 2016 година имаше една соба во која кутии беа набиени до таванот, кои никогаш не ги отвори. Во бањата имаше облека со етикети и цени”, рекол изворот.
Покрај тоа, таа многу вложува во животни, па се додаваат и трошоците за нивна грижа, а како што се наведува, нивната куќа некогаш била како јама полна со животни како змии, свињи и творови, вели изворот.
Од друга страна, има и такви кои сметаат дека поранешната ѕвезда прави се за да се промовира и да добие покана за некое реално шоу, со оглед на тоа дека и требаат пари и воопшто не и пречи публицитетот.