Користете сезонски зеленчук и направете вкусен сатараш.
Состојки:
1 кромид
1 домат
2 пиперки
3 јајца
сол, бибер
масло за пржење
Подготовка:
Кромидот ситно се сечка и се пропржува на масло. Потоа се додава пиперката исечкана на коцки, а кога ќе омекне се додава сечканиот домат, се динста неколку минути, се додаваат изматените јајца и се зачинуваат. Готов е кога ќе се испржат јајцата.
Добар апетит!