Канадскиот рапер Тори Ланез е осуден во вторникот во судот во Лос Анџелес на 10 години затвор откако ја застрела пејачката Меган Ти Сталион за време на љубовна расправија во 2020 година.
Дејстар Петерсон познат како Тори беше прогласен за виновен во декември за напад со полуавтоматско оружје, за носење непријавено оружје и за небрижност. Неговите забави со Меган Ти Сталион, која освои три Греми награди во 2021 година и соработуваше со Бијонсе, ги полнеа весниците во САД.
Случајот стана симбол на траен сексизам во хип-хоп сцената и на недоверба кон полицијата. Настанот се случи во јули 2020 година, а причината за него беше тепачка помеѓу двајцата поранешни партнери по забавата кај инфлуенсерката Кајли Џенер.
Тори и Меган се враќале со автомобил во друштво на личната секретарка. За време на возењето настанала расправија, а Меган на судењето рече дека Тори и понудил милион долари за да молчи дека ја застрелал.