Јелена Карлеуша по 10 години го објави нејзиниот нов албум насловен „Алфа“, а за песните и првиот спот се уште се зборува и пишува во јавноста.
Песните веќе доживеаја голем успех и бројат голем број прегледи, а во оваа прилика Јелена приреди забава во својата вила на Дедиње. Пејачката не крие колку е задоволна од првите резултати, а сега за прв пат се огласи и во свој стил ја коментираше својата нова работа.
“Добро работи Карлин Бич! Еве прв пат да зборувам по објавувањето на новиот албум. Ви благодарам за рекордните прегледи, милионите коментари. Целиот концепт на албумот, по редослед на сите песни и овој спот што ретко кој на овие простори ќе го има во продукција и идеја, има за цел да ги помести границите на домашната музика и правилата на шоу-бизнисот на Балканот. Тоа се очекуваше од мене, верувам дека има многу на кои им треба време едноставно да ја разберат музиката која е пред своето време и која е светски тренд, но така било секогаш со мене и балканските строги стеги и примитивизам. На Балканот, особено во Србија , последниве години има шокантен пораст на треш и шунд музиката, поплава од бугарски пејачи од пет парахити, евтини аматери во фустани од 3 динари и музичка продукција од Таџикистан. Србија и Балканот мора да туркаат напред и да не дозволат бугарскиот турбо треш да биде нешто што секој го слуша, освен тајно во четири ѕида од својата соба. Музиката мора да турка напред, мора да биде во чекор со светската продукција и зошто да не и да биде подобра од светот“, изјавила Карлеуша.
Албумот на Карлеуша е издаден од најголемиот музички гигант во светот „Универзал“.
„Речиси 30 години ги поместувам границите на тврдоглавиот балкански менталитет и никој никогаш не можеше ништо да ме спречи. И сега не ги поместувам границите, туку ги рушам. Ајде напред. Кој сака да живее во минатото нека има инаетливи ставови на сељаци и слуша евтин турбо фолк, за кој немам ништо против, но барем нека биде скапо. А сите останати одиме напред. Србија покажува дека може да има светска продукција и светски звук, светски изведувачи и визија која светот ќе ја следи. Уживајте, слушајте нови песни и убавите работи допрва следуваат“, напиша Карлеуша.