Основачот на „Амазон“, Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез се прошетаа во Дубровник во придружба на актерот Орландо Блум и неговата сопруга и пејачка Кети Пери.
Двојките се движеа слободно, придружувани од искусни папараци.
Пред неколку дена медиумите од Хрватска ја пренесоа информацијата дека во близина на Дубровник, забележана е јахтата на Безос.
Бизнисменот веќе некое време плови низ Европа, а бил и во Грција и Италија со суперјахта вредна 500 милиони долари, а на неа често му се придружуваат и други популарни гости.