Бритни ја ангажираше адвокатката на Џони Деп за разводот со Сем Асгари

Бритни Спирс ја ангажираше адвокатка Лора Васер за разводот од Сем Асгари. Васер досега имала голем број холивудски ѕвезди за клиенти, а меѓу нив се Ким Кардашијан, Кевин Костнер и Џони Деп.

Бритни ја ангажираше откако Сем побарал повеќе пари од тоа што е договорено во предбрачниот договор. Бившиот на Бритни ѝ се заканил дека ако не му плати, ќе објавел приватни видеа кои може да ѝ ја уништат кариерата.

„Сем се обидува да преговара за отстапки надвор од предбрачниот договор ѝ се заканува дека ќе излезе во јавноста со крајно засрамувачки информации за Бритни доколку не биде платен“, рече извор близок до Бритни.

Не е јасно колку пари бара, а и портпаролите на Бритни и Сем не сакаат да даваат какви било коментари. Друг извор тврди дека Сем ја уценувал и дека нема никогаш да ги добие парите.

За потсетување, Бритни и Сем се запозна во 2016 година, а се венчаа во јуни минатата година. Разделбата, наводно, дошла откако Сем дознал дека Бритни го изневерувала.

 

 

 

 

 

Scroll to Top