Животот на турската актерка Гокче Бахадир, една од ѕвездите на омилената турска серија „Кога лисјата паѓаат“ го одбележа голем скандал.
На почетокот на оваа година Гокче се омажи по втор пат и со музичарот Емир Ерсој, а по романтичната венчавка во јавноста излегоа деталите од претходниот брак со 45-годишниот актер Али Сунал.
Гокче и Али се венчаа во 2011 година, но љубовната идила траела само една година, а набрзо потоа следеше развод.
„Се венчавме од голема љубов, но решивме да се разделиме затоа што ни се разделија патиштата“, изјави тогаш актерката и како причина за разделбата ги наведе различностите.
Иако долго се шпекулираше за причините за нивното раскинување, извори блиски до 41-годишната Гокче изнесоа шокантни тврдења во јавноста.
Рекоа дека бракот со Али се распаднал, бидејќи нејзиниот сопруг ја фатил дека го изневерува со неговиот татко Кемал Сунал, кој во меѓувреме починал.
„Рахметли Кемал беше голем заводник. Тие двајца почнале да се забавуваат само неколку дена откако тој станал нејзин свекор. Помеѓу нив долго време постоеше фатална привлечност, а тоа не го спречи тоа што е 30 години постар од неа“, открил извор близок до актерката.
Според турските медиуми, Али бил на пат кога неговата сопруга се забавувала со својот свекор. Тој се вратил дома два дена порано од планираното и сакал да ја изненади. Кога влегол во куќата ја видел Гокче гола во кревет со свекорот.