Кети Пери ужива во Дубровник со својот партнер Орландо Блум, а нивните прошетки во друштво на Џеф Безос и неговата свршеница привлекуваат внимание на секој чекор.
На Тикток се појави снимка од Кети Пери додека се шета во Дубровник, а толпа минувачи ја снимаат и ја довикуваат.
Сепак, многумина беа изненадени што пејачката воопшто не реагираше, дури ги игнорираше луѓето кои и ја довикуваа.
Реакцијата на Кети не го намали ентузијазмот на корисниците на Тикток кои беа воодушевени од видеото.
„Би умрел да ја сретнам“, „Убава е“, „Замислете да ја запознаете Кети Пери во Дубровник“, „Таа беше со мене во авионот од Минхен за Дубровник“, напишаа воодушевените обожаватели.
Сепак, имаше и такви кои забележаа дека Кети не го дели нивниот ентузијазам.
„Таа стави „seen“ на „еј Кети“, се пошегува еден корисник на Тикток.
Инаку, Кети Пери е во Хрватска на јахтата „Кору“ на Безос вредна 500 милиони долари. Пред Хрватска беа во Грција и Италија.
@lubisbryanjohnc Have you seen Katy Perry in Dubrovnik just now? #katyperry #hollywood #katycats #katyperryfan #dubrovnik #croatia #tiktokeurope #summer #travel #katyperryroar #oldtown #actress #star #starstruck #fan ♬ original sound – Bryan John Lubis ✨